Login form

Search

Календар

«  November 2017  »
SuMoTuWeThFrSa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930

Гласање

Како ви се допаѓа веб саитот?
Total of answers: 2

Наши пријатели





  • ВЕБ ДИЗЈАН
     МАИЛ МАРКЕТИНГ


    Statistics


    Total online: 1
    Guests: 1
    Users: 0






    Стоматологија
    инфо
    е попфатна
    Стоматолошка
    веб страна и корисниците им обезбедува брз,
    едноставен и систематизиран пристап до информации од областа на
    стоматологијата со цел да им се помогне на луѓето во одржување и грижа на
    сопственото
    орално здравје како и на професионалците во
    пронаоѓање на информациите кои им се потребни.

    Иднината на Стоматологијата

    Стоматологијата во денешницата, како
    и повеќето научни дисциплини, со развојот на новите технологии овозможиja
    хиперпродукција на научни истражувања и факти, а со помош на интернетот станаа
    подостапни од кога и да е. Меѓутоа ваквите бројни истражувања кај корисниците
    може да створат и конфузија.




    Интернетот со своите принципи на брз и едноставен пристап до информации и
    ефикасно пребарување на саканите области може на online корисниците значајно да
    им го олесни животот. Докажан е како медиум преку кој информациите се шират
    брзо, лесно и сигурно. Затоа web страната ја конципирав така да сите можат да
    имаат едноставен и бесплатен, потполно јавен пристап.

    Содржината не е наменета да замени
    професионален стоматолошки преглед и совет, дијагноза или третман.



    Доколку имате прашања за вашата состојба секогаш консултирајте се со
    стоматолог..



    Сите информации достапни на Стоматологија инфо се исклучиво од информативен
    карактер

    Информациите достапни на www.Stomatologija.co.nr не смеат да бидат темел за носење на важни лични одлуки и нема да не
    сметаат за одговорни за каква било дирекна или индиректна материјална или
    нематеријална штета настаната како резултат на употребата на некоја информација
    достапна


    Стоматологија инфо е веб базиран медиум
    специјализиран за размена на информации од областа на Стоматологијата и сите
    релевантни актери во таа сфера.

    Нашата целна група се состои од:

    • Професионалци: Стоматолошки ординации, Поликлиники,
      Клинички центри, Забни техничари и друг персонал, Дистрибутери на потрошен
      материјал и технички алатки, Едукативни институции, Државни институции,
      Професионални и студентски асоцијации и др.

    Граѓани: секој човек има потреба од
    нега на своето орално здравје во текот на целиот живот и соодветно стекнување
    на навика истото да го практикува

     

    Целта на овој медиум е да ја едуцира пошироката
    популација на Македонија за Стоматологијата како научна дисциплина и за сите
    популарни теми поврзани со оралното здравје на човекот, како и подобрување на
    квалитетот на стоматолошката пракса кај професионалците.

    Докажан факт е дека македонскиот граѓанин ја нема на задоволително ниво
    информираноста и навиката за користење на услугите од стоматолошката пракса и
    потребно е негово едуцирање низ овој тип на специјализирани медиуми. Секциите
    на порталот наменети за:

    1. совети (популарни теми за оралното здравје и неговото влијание
      на секојдневниот живот),
    2. едукативните текстови за Стоматологијата како наука
      (вклучувајќи и стоматолошки речник),
    3. како и директориумот на стоматолошки ординации ќе помогнат во
      информирање на граѓаните за зошто, како и каде за
      подобрување на нивното орално здравје и квалитет на живот.

    Подеднакво важно е да се инвестира во степенот
    на знаење и како ефект на тоа во квалитетот на услугите на стоматолозите и
    останатиот персонал кој работи во стоматолошката пракса. Стоматологија
    инфо врши промоција, едукација и вмрежување (социјален капитал) на
    најуспешните и најреферентни професионалци, асоцијации, институции,
    стоматолошки установи, дисрибутори на материјали и др. актери на едно место,
    медиум достапен 24 ч.


    За професионалците, институциите и студентите се достапни:

    1. Нови и релевантни информации за Стоматологијата (најнови
      научни и технолошки достигнувања),
    2. Актуелни конференции, семинари, стипендии и студии за
      професионална надоградба,
    3. Богата листа линкови до веб страни на референтни организации,
      компании и институции за стоматолошката пракса од Македонија, регионот и
      интернационално,
    4. Информативна секција за ИСО стандардизација (практичен водич
      и бесплатни консултации)
    5. Посебна секција за денес најактуелната тема за заработка на
      екстра профит – Медицинскиот туризам и можност за привлекување на странски
      клиенти,
    6. Стоматолошка берза за сите кои бараат или нудат вработување,
      стоматолошка опрема и материјали или други деловни услуги (ординации,
      медицински сестри, забни техничари, волонтери, половна и нова опрема, дистрибуција
      на материјали и т.н.),